Хроника од 46-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 20.09.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси 24 ВЕСТИ Штип, КАНАЛ 5 ПЛУС Скопје, СИТЕЛ 3 Скопје емитувани на 1 септември 2013 година, ТВ ЧЕГРАНИ-МЕДИА с. Чегране-Гостивар емитуван на 28 август 2013година и ТВ БТР НАЦИОНАЛ Скопје, направен врз основа на претставка од гледач за програма емитувана на 14 септември 2013 година.

 На програмата на 24 ВЕСТИ Штип, КАНАЛ 5 ПЛУС Скопје и ТВ ЧЕГРАНИ-МЕДИА с. Чегране-Гостивар не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти. Меѓутоа, во анализираниот ден, забележано е дека програмата на ТВ Чеграни – Медиа дека се состои од содржини кои исполнуваат само забавна функција, поради што Советот заклучи да му укаже на овој радиодифузер дека треба да се придржува до форматот на програмскиот сервис.

За неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на македонски јазик, СРД на СИТЕЛ 3 Скопје му изречевремена забрана за рекламирање и телешопинг 1 (еден) ден, додека на ТВ БТР НАЦИОНАЛ Скопје поради несоодветен термин на емитувањена играниот филм „Готвачот“ (The Cook) му изрече писмена опомена.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на TРД – оператор на кабелска мрежа СКУПИ КАБЛЕ Скопје,Потврда бр. 3 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алсат М, Канал 5, Al Jazeera Balkans, Top channel, Klan TV, Klan Kosova, Digi plus, Film Aksion, Film Komedi, Film Thriller, Explorer Nature, Bang Bang, Cufo TV, T-Channel и My Music

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа ВВВ-Интернет Груп Куманово,Потврда бр. 1 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, MТВ 3, Телма, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа ТВ, Наша ТВ, 24 Вести, ТВ Сонце, Алсат М, ТВ Хана (локална), Канал Феста (локална), B-92 Info, Svet Plus, Kopernikus TV, Kopernikus Music, Palma Plus, Studio B, Happy TV, Spektrum TV, HD Music, DM SAT, Astro TV, TOP Music, Duga TV, SOS Kanal, Soko TV, TV 1, Alternativna TV, Valentino TV, Atlas TV, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD и Russia Today Doc HD.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа ВВВ-Интернет Груп Куманово, подружница Липково,Потврда бр. 1 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, MТВ 3, Телма, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа ТВ, Наша ТВ, 24 Вести, ТВ Сонце, Алсат М, ТВ Хана(локална), Канал Феста (локална), B-92 Info, Svet Plus, Kopernikus TV, Kopernikus Music, Palma Plus, Studio B, Happy TV, Spektrum TV, HD Music, DM SAT, Astro TV, TOP Music, Duga TV, SOS Kanal, Soko TV, TV 1, Alternativna TV, Valentino TV, Atlas TV, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD, Russia Today Doc HD, Tring Super, Tring Sport, Folk Plus, Tring World, Mediasat (scan), Tring Comedy, Tring Shqip, Tring Tring, NTV, Vizion Plus, Kanal 7, 3 Plus, Tring Max, Tring Life, Club TV, X Tring и Tring Planet.

– на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес,Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 48со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Darling TV, Hustler, Hustler Blue и Jim Jam.



Accessibility

Accessibility