Хроника од 5-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 07.02.2018г. – Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно не плаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско и радио емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена пет постапки за одземање на дозволата на следните радиодифузери: ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, Радиодифузното трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ, ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје, ТРД  Телевизија СИТЕЛ 3  ДООЕЛ Скопје и ТРД РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје.

Во согласност со Законот Советот донесе и Одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на ТРД ЕНЏЕЛС ФМ ДООЕЛ Штип и даде одобрение да се донесе одлука за усвојување на Извештајот и Пописните листи од извршениот попис на средствата, обврските и побарувањата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година и за отпис на основните средства.



Accessibility

Accessibility