Хроника од 61-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 28.11.2013 Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси Канал ТРИ Дебар, емитуван на 24 август 2013г, Телевизија Кобра Радовиш, емитуван на 27 јули 2013г и ТВ Сител 2 Скопје, емитуван на 8 ноември 2013 година.

Советот за радиодифузија одлучи да постапи на следниов начин:

-на Канал ТРИ Дебар му изрече 2 (две) писмени опомени,едната за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, односно несоодветен термин на емитување и другата за неозначување на реклами.

-на Телевизија Кобра Радовиш му изрече 3 (три) писмени опомени,едната за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, односно неозначување на програмите пред почетокот со акустично и визуелно предупредување и не емитување постојано визуелно предупредување во текот на програмата, другата за надминување на лимитот за рекламирање на еден реален час и третата мерка за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства.

-на ТВ Сител 2 Скопје му изрече 3 (три) писмени опомени,едната за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, односно несоодветен термин на емитување програма, другата за неозначување на програми со предупредувачка сигнализација во текот на нивното времетраење и третата за рекламирање во телевизиска програма, вметнато на начин со што се загрозени интегритетот и вредноста на програмата, како и правата на авторите и другите носители на права. 

СРД ја усвои информацијата за ослободување од плаќање радиодифузна такса за семејните домаќинства на обврзниците од с. Бесвица – Општина Демир Хисар. С Косилари, општина Градско и с. Црешка – општина Штип и одлучи да ги ослободи од плаќање радиодифузна такса обврзниците кои не се покриени со радиодифузен сигнал, односно немаат прием на програмите на Јавното радиодифузно претпријатие „Македонска радиотелевизија“ во населените места:с. Бесвица – Општина Демир Хисар. С Косилари, општина Градско и с. Црешка – општина Штип.



Accessibility

Accessibility