Хроника од 8-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 23.02.2017г. – Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапкa за одземање на дозволата за радио емитување на Трговско Радио-Дифузно Друштво Б-97 ДООЕЛ Битола.

Воедно, поради извршена уплата на долгот Советот донесе и Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволи за радио и телевизиско емитување на следниве радиодифузери: Непрофитна радиодифузна установа Универзитетско Радио УКЛО ФМ Битола, ТРД Радио Александар Македонски Илија Таневски Кичево ДООЕЛ, ТРД за телевизиски активности ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, ТРД ХДТВ Мега ДООЕЛ Скопје, ТРД Радио Слободна Македонија Скопје, ТРД Канал Еден Телевизија ДООЕЛ Велес, ТРД К Три Телевизија ДООЕЛ Куманово и ТРД за радио-дифузна дејност ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје.

Советот донесе одлука за одземање на дозволата, бр.08-17 од 05.01.2015 година, за телевизиско емитување на ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје поради неисполнување на обврската предвидена во член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility