Хроника од 9-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 18.02.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги усвои Нацрт – Извештајот за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за периодот од 01.01.2013 до 31.12.2013, Нацрт – Образецот за Податоци за сопственичка структура, уредниците и економското работење на радиодифузерот (образец СЅЕ/1), Нацрт – Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт – Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Агенцијата го усвои Предлогот за покренување постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво ТВ АРТ Канал ДООЕЛ Струга.

Агенцијата ja усвои Информацијата за реализиран контролен надзор за почитувањето на обврската за емитување музика. Надзорот e извршен врз програмите на МРТ1, МРТ2, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Алсат М и ТВ Алфа и е направен во периодот од 10 до 16 февруари 2014 година и притоа еконстатирано дека сите медиуми емитуваат поголем обем вокална и вокалноинструменталнамузика на македонски јазик или на јазиците на етничките заедници одзаконскиот минимум.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа KТВ ПЕШНА Македонски Брод, Потврда бр.3со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Мini Ultra, IQS Live, Planeta, HRT 1, RTS Sat и RTCG;

-наТРД –оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ-Л-НЕТ, Потврда бр. 6 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Алсат-М иНаша ТВ;

-на Друштво зателекомуникации ПЕТ НЕТ. Потврда бр. 9 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ К3 и Метрополис Радио;

-на ТРД – АЛТРА САТ 2000 ДООЕЛ Охрид, Потврда бр. 4 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски канал, Телма, ТВ Сонце, Сител, Сител 3, Наша ТВ, TV НТВ (регионално), ТВ Морис (локално), ТВ М (локално), 24 Вести, Канал 5, Канал 5+, Алфа ТВ, Алсат-М, Super RTL, ZDF, RAI 1, BTV 1, HRT 1, HRT 3, RTS Sat, RTCG, Balkanika и Fen TV;

– на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ, Потврда бр. 3 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTV 21, 21 Plus и 21 Popullore;

-на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ, Потврда бр. 2 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Golf Klub, Fishing and Hunting, Ultra, Cinemania, Mini Ultra, IQS Live, Al Jazeera Balkans, Klan Kosova, RTV 21, 21 Plus и 21 Popullore;

-на ТРД –оператор на кабелска мрежа Инел Интернационал, Кавадарци и подружница Неготино, Потврда бр. 9и 7 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: 24 Вести, Алфа ТВ, Алсат-М, Канал 5, Канал 5 плус, Наша ТВ, ТВ Сонце, VH1, Fen TV, Balkanika, Extreme sports, Eurosport, Eurosport 2/BL, Al Jazeera Balkans, MGM, RTR, RTR Вести, PlanetaAXN;

-на ТРД –оператор на кабелска мрежа Инел Интернационал, Кавадарци и Неготино, Потврда бр. 6 со која Регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: 24 Вести, Алфа ТВ, Алсат-М, Канал 5, Канал 5 плус, Наша ТВ, ТВ Сонце, VH1, Fen TV, Balkanika, Extreme sports, Eurosport, Eurosport 2/BL, Al Jazeera Balkans, MGM, RTR, RTR Вести, PlanetaAXN, Travel, Hustler и Hustler HD;

-на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 55 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Hayat Plus и Hayat Music.



Accessibility

Accessibility