Прв јавен состанок за 2018 година

Одржан првиот јавен состанок за 2018 година

 Скопје, 28.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за 2018 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше реализираните активности во изминатото тромесечие – надзорите врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми; изречените мерки; изработените истражувања, активностите на полето на меѓународна соработка и други активности.

На состанокот беа промовирани и публикациите кои ги издаде Агенцијата, а се однесуваат на родовите прашања во ТВ програмите. Трите Збирни публикации со годишни истражувања кои говорат за присуството и претставувањето на родовите во програмите на националните телевизии во период од 2012-2016 година, се издадени на македонски, албански и англиски јазик. Збирните публикации содржат пет истражувања и една мета-анализа која ги покажува трендовите во поглед на родот и медиумите. На настанот беше промовирана и публикацијата за родот во телевизиските програми во 2017 година, која се состои од две анализи од кои едната покажува дали, колку и на каков начин се присутни родовите прашања, а другата ја дава сликата за начинот на кој се претставени и прикажани родовите во програмите. Анализите во оваа публикација, исто така, се на македонски, албански и англиски јазик. 

Присутните имаа можност да ги проследат и наодите од истражувањето на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите во Република Македонија, спроведено во периодот ноември – декември 2017 година. Истражувањето содржи податоци за ставовите на публиката за застапеноста и квалитетот на одделни програмски содржини на програмските сервиси на домашните телевизиски и радиостаници, степенот на задоволство со програмската понуда, начинот на којшто публиката ги користи медиумите, најгледани/најслушани програмски содржини. Истражувањето нуди податоци и за учеството и претставувањето на младите во медиумите и застапеност на лицата со различна сексуална ориентација.

Презентациите од јавнит состанок се достапни на линковите подолу:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ

д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Родовите прашања и медиумите: сопственост, одлучување и известување 2012-2016 

Емилија Петреска – Камењарова, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Марина Трајкова, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Истражувањe на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите во Република Македонија

Надежда Поп Костова, Таргет комуникации


Агендата за првиот јавен состанок за 2018 година може да се преземе на следниот линк

Пријавата за учество на првиот јавен состанок за 2018 година може да се преземе на следниот линк 



Accessibility

Accessibility