Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 05-та седница ја одржа на 15.02.2023 година (среда) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.02.2023 година.
- Предлог за донесување на одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, со предлог – одлука.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Втор програмски сервис (МРТ2) за прекршување на членот 55 став 5 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ДИБРА ТВ ДООЕЛ Дебар за прекршување на членот 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.
- Предлог за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка: Ревизорски услуги.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
- Предлог – одлуки за исплата на надоместок за смрт на член на семејство.
- Разно.