Седница бр.06 од 04.02.2014

Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги ја закажувa 6-та седница за 04.02.2014 (вторник) со почеток во 12:00 часот.


 Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги ја закажувa 6-та седница за 04.02.2014 (вторник) со почеток во 12:00 часот.

 

                                                                       Д н е в е н    р е д

1. Усвојување на Записникот од 05-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.01.2014 година.

2. Извештај за извршена ревизија на начинот на подготовка на тендерската документација за проектното фише: “Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси – EuropeAid/129857/D/SER/MK“.

3. Информација за ослободување од плаќање радиодифузна такса на семејните домаќинства на обврзниците од с.Долни Манастирец, општина Македонски Брод, со Предлог-Одлука.

4. Предлог-Регистар на радиодифузери (радио и телевизија).

5. Барање бр.11-21 од 27.01.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.1 на ТРД – оператор на кабелска мрежа ВИНСАТ КАБЕЛ Виница.

6. Барање бр.11-22 од 28.01.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.27 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес.

7. Барање бр.11-23 од 28.01.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр.13 на ТРД – оператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид.

8. Барање бр.11-24 од 28.01.2014 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр.8 на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, Гевгелија.

9. Барање бр.11-26 од 29.01.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.51 на Македонски Телеком АД Скопје.

10. Информација во врска со Приговорот бр.04-604/1 од 30.01.2014 година доставен од Гордана Мајнова.

11. Разно.



Accessibility

Accessibility