Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги првата седница ја одржа на 04.01.2024 година (четврток) со почеток во 14:05 часот во просториите на Агенцијата.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 41-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 25.12.2023 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 10-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.12.2023 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 42-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.12.2023 година.
- Предлог – решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Приватна високообразовна установа Универзитет Скопје – Скопје, Непрофитна радиодифузна установа УНИВЕРЗУМ СКОПЈЕ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Софтер – систем за електронски регистар на јавни електронски комуникациски мрежи, даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и даватели на услуги, платформа за споделување видеа.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка: Услуга од приватна агенција за вработување.
- Разно.