Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 12-та седница ја одржa на 26.03.2024 година (вторник) со почеток во 13:30 часот во просториите на Агенцијата.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од првото продолжение на 9-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 20.03.2024 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 11-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 20.03.2024 година.
- Предлог-годишен извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година.
- Предлог-став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2023 година.
- Предлог-упатство за радиодифузерите за Претседателските и за Парламентарните избори 2024.
- Разно.