Седница бр.14 – 29.03.2016

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 14-та седница ја закажува за 29.03.2016 година (вторник), со почеток во 12.00 часот…


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 14-та седница ја закажува за 29.03.2016 година (вторник), со почеток во 12.00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

1. Усвојување на Предлог-записник од 13-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.03.2016 година.

2. Предлог-извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот 01.01.2015 до 31.12.2015 година.

3. Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за работниот ред и дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

4. Предлог-став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатот на извршената ревизија од независниот ревизор за 2015 година.

5. Предлог-став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на известувањето за извршена проверка на преземените мерки во врска со дадените препораки содржани во конечниот извештај на Овластениот државен ревизор.

6. Предлог–ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.

7. Предлог за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година, бр.05-7139/1 од 25.12.2015 година со измени и дополнувања бр.05-706/1 од 05.02.2016 година.

8. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на постојната веб страница на Агенцијата.

9. Предлог за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка – стока: Тонери за принтер и копир апарати.

10. Разно.

 



Accessibility

Accessibility