Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја закажува 15-та седница за 17.03.2014 година (понеделник), со почеток во 12 часот.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја закажува 15-та седница за 17.03.2014 година (понеделник), со почеток во 12 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 13-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.03.2014 година.
2. Усвојување на Записникот од 14-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 10.03.2014 година.
3. Извештај од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИО – ТЕЛЕВИЗИЈА – Скопје, Македонска телевизија – Втор програмски сервис (МРТ2), емитувана на 9 март 2014 година.
4. Барање бр. 11-108 од 07.03.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 4 на ТРД-оператор на кабелска мрежа СТУДИО АНДЕС ДООЕЛ Радовиш.
5. Барање бр. 11-109 од 07.03.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 1 на ТРД-оператор на кабелска мрежа СТУДИО АНДЕС ДООЕЛ Радовиш.
6. Барање бр. 11-110 од 10.03.2014 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр. 29 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци.
7. Барање бр. 11-111 од 10.03.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр. 8 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Aналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци.
8. Барање бр. 11-112 од 10.03.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 2 на ТРД-оператор на кабелска мрежа ИГМАС – НЕТ ДООЕЛ Битола.
9. Барање бр. 11-113 од 10.03.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 3 на ТРД-оператор на кабелска мрежа БИВ ПИРАМИДА ДООЕЛ с.Звегор Делчево.
10. Барање бр. 11-114 од 10.03.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 2 на ТРД-оператор на кабелска мрежа БИВ ПИРАМИДА ДООЕЛ с.Звегор Делчево.
11. Извештај за присуство на еднодневното советување со обука, на тема: „Примена во практиката на последните измени на Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија” бр.28/2014 и бр.43/2014) заедно со поврзаните претходни измени на Законот за јавни набавки”, организирано од страна на Здружение на правници на Република Македонија, подготвена од Цветанка Митревска и Билјана П. Парлеева.
12. Информација од Регионалната конференција на тема „Индикатори за независноста на регулаторните тела за медиумите“ што се одржа во Тирана, Албанија на 6-ти и 7-ми март 2014 година, подготвена од членовите на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски и Сељадин Џезаири, како и од Магдалена Д. Довлева.
13. Разно.