Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 15-та седница ја одржа на 15.04.2022 година (петок) со почеток во 14:05 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.04.2022 година.
- Предлог за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Радиодифузно трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, бр.08-141 од 18.03.2019 година.
- Информација во врска со доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 101 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 101 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип за прекршување на член 55 ставови – 5, 6 и 7 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока од мала вредност-дел РАК (ормар) и надградба – реконфигурација на системот за видео надзор инсталиран во Агенција, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – стока: Електрична енергија.
- Разно.