Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 15 седница ја одржа на 20.10.2025 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 13 седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 7.10.2025 година.
- Усвојување Предлог-записник од 14 седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 19.10.2025 година.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за прекршување на изборниот молк – Локални избори 2025 година за ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип
- Предлог за поведување прекршочна постапка за прекршување на изборниот молк – Локални избори 2025 година за ТРД Вистел ДООЕЛ Скопје
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 1 јули до 30 септември 2025 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот Глобалсат ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка-услуга: водоинсталатерски и електричарски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка-услуга: истражување на мислењето на публиката.
- Разно.
