Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 16-та седница ја одржа на 29.05.2023 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 15-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.05.2023 година.
- Предлог-одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на издавачот на печатен медиум КОЛОР МЕДИА ПЛУС ДОО Скопје, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ од Струмица.
- Предлог за започнување јавна консултација за измени и дополнувања на „Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување“.
- Предлог-информација до органот надлежен за авторските права и сродните права поради сомневање дека е сторена повреда.
- Разно.