Седница бр. 18 од 10.04.2013

18-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 10.04.2013 година (среда), со почеток во 11,00 часот.

 

Д н е в е н р е д
 

1.Усвојување на Записникот од 16-та седница на Советот, одржана на 27.03.2013 година.

2. Извештаj од медиумското покривање на Локалните избори 2013 во вестите во текот на вториот круг од изборната кампања.

3. Извештаи за констатирани прекршувања во текот на вториот круг од изборната кампања.

4. Информација за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво РАДИО КАВАДАРЦИ ДОО, Кавадарци, со Предлог-Одлука.

5. Барање бр.11-03 од 08.01.2013 година, за регистрираниот пакет програмски сервиси бр.4 на Друштво за меѓународна шпедиција, транспорт и трговија ТРАНШПЕД ТРЕЈД ДООЕЛ Крива Паланка.

6. Барање бр.11-61 од 14.03.2013 година, за дополнување на регистрираниот дигитален пакет програмски сервиси бр.14 на Друштво за производство, трговија, угостителство, транспорт и услуги ТРД Канал 16 ДОО Ресен.

7. Барање бр.11-62 од 14.03.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.17 на Друштво за производство, трговија, угостителство, транспорт и услуги ТРД Канал 16 ДОО Ресен.

8. Барање бр.11-68 од 01.04.2013 година, за регистрираниот пакет програмски сервиси бр.10 на Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје.

9. Информација за отворање на стечајна постапка над Трговско радиодифузно друштво „ПИНК 15“ ДООЕЛ Скопје.

10. Дополнување на информацијата по претставката на ТРД ТВ Дибра ДООЕЛ – Дебар, со Предлог – заклучок за повлекување на предлогот за исклучување на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ Жупа – ДООЕЛ с. Мал Папрадник – Центар Жупа.

11. Информација за валидни и невалидни договори за реемитување на телевизиските програмски сервиси на DIVA Media Turkish channels (ATV Europe, EuroD, STV, TGRTEU, Eurostar, Haberturk, Planetturk, KRAL TV, KRALPOP и NTV).

12. Информација од работилницата за „Имплементација на измените во Законот за приватно обезбедување“ одржана на 25.02.2013 година и 11.03.2013 година, на Прв приватен универзитет „ФОН“ во Скопје, подготвена од Александар Џуваревиќ и Хари Митриќески – Клекачкоски.

13. Извештај од присуство на Семинар, подготвен од Арбен Саити и Арѓенд Џелили.

14. Предлог-Одлука за орочување на средствата на Советот за радиодифузија на РМ.

15. Разно.



Accessibility

Accessibility