Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 19-та седница ја одржа на 15.06.2023 година (четврток) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од првото продолжение на 17-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 01.06.2023 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 3-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.06.2023 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 18-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.06.2023 година.
- Предлог-одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа на регионално ниво Скопје.
- Предлог-одлука за одбивање на Пријавата за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа на локално ниво на подрачјето на општина Тетово.
- Предлог-одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа на локално ниво на подрачјето на општина Тетово.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛСАТ-М ДОО Скопје за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ПРО-ФМ ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 15 став 5 од Законот за медиуми.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Одржување на веб страниците на Агенцијата.
- Разно.