Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2-та седница ја одржа на 24.01.2022 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 1-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.01.2022 година.
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември 2021 година.
- Предлог за давање одобрување за донесување одлука за уплата на средства за пристап до Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Ревизорски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Услуга од приватна Агенција за вработување.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Одржување на противпожарна спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и Одржување на ПП апарати.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
- Разно.