Седница бр. 20 од 24.04.2013

20-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 24.04.2013 година (среда), со почеток во 11,00 часот.

 
                                          

Д н е в е н   р е д
 

 

1. Усвојување на Записникот од 17-та (ЈАВНА) седница на Советот одржана на 05.04.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 18-та седница на Советот одржана на 10.04.2013 година.

3. Информација за потребата од Измена и дополнување на Правилникот за внатрешна оранизација и систематизација на работните места во Стручната служба  на Советот (Пречистен текст) и Дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци за вработените во Стручната служба на Советот  (Пречистен текст).

4. Анализа на досега емитувани епизоди од серијата “Тишина” што се емитува на ТРД Канал 5 ДОО-Скопје.

5. Информација за постапувањето на ТВ Канал 5 и ТВ Сител во врска со мерките на Советот поврзани со заштита на малолетната публика.

6. Информација во врска со сознанијата за неемитување програма од страна на ТРД ТОП ТВ ДООЕЛ Берово.
    
7. Барање бр.11-57 од 05.03.2013 година, за регистрираниот пакет програмски сервиси бр.1 на Друштвото за комуникација, трговија и услуги КАМ НЕТ ДООЕЛ Македонска Каменица.


8. Барање бр.11-70 од 10.04.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.8  на ТРД – Оператор на јавна комуникациска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид

9. Барање бр.11-71 од 15.04.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.41  на  Македонски Телеком АД Скопје.

10. Конечен извештај за извршената ревизија на процесот за спроведување на постапки за јавни набавки, која е предвидена во Стратешкиот план за внатрешна  ревизија за периодот од 2013 до 2015 и во Годишниот план за внатрешна ревизија за 2013 година.

11.Информација од обуката на тема „Главните промени на ПРАГ после новиот ФРА од Јануари 2013”, одржана на 28.03.2013 година во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје, подготвена од Арѓенд Џелили.

12.Разно.



Accessibility

Accessibility