Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 21-та седница ја закажува за 18.06.2015 година (четврток), со почеток во 14:00 часот.
Д н е в е н р е д
1. Усвојување на Записникот од 20-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.06.2015 година.
2. Предлог – Одлука за доделување дозвола на ТРД ВИЖН БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ Прилеп, за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво.
3. Предлог – Одлука за доделување дозвола на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА УСКАНА Мунир Мехдиу Кичево ДООЕЛ, за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво.
4. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Пречистен текст, бр.01-1063/1 од 11.02.2015 година).
5. Предлог – Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост.
6. Предлог – Одлука за утврдување на состојбата на движна ствар и одлука за вршење процена на вредноста на движна ствар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
7. Предлог – Одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015.
8. Предлог за дополнување и изменување на Годишниот план за јавни набавки во 2015 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Пречистен текст) бр.05-3317/1 од 08.05.2015 година.
9. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка: Финансиско-осигурителни услуги на новото седиште на Агенцијата во Скопје – деловен објект Палата „Панко Брашнаров“.
10. Предлог – Одлука за потреба од јавна набавка:Одржување на системот за снимање на аудио-видео записи.
11. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства и потпишување на Договор со „АКАДЕМИКА“ – електронска база на прописи.
12. Барање за надомест на трошоци поврзани со работата – за смрт на член на семејство.
13. Разно.