Седница бр.22 – 11.07.2023 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 22-та седница ја одржа на 11.07.2023 година (вторник) со почеток во 14:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 21-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржанa на 26.06.2023 година.
  2. НАЦРТ-правилник за изменување на „Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
  3. Информација за поднесена Иницијатива за одземање на дозвола за телевизиско емитување на ТРД Алсат-М ДОО Скопје од анонимен подносител.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Радиодифузното трговско друштво МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО Скопје за прекршување на член 54 став 5 од ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Радиодифузното трговско друштво МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО Скопје за прекршување на член 100 став 1 од ЗААВМУ.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Радиодифузното трговско друштво МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка: Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока:  Електрична енергија.
  9. Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 4 (четири) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
  10. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.
  11. Разно.


Accessibility

Accessibility