Седница бр. 24 од 17.05.2013

17.05.2013 година (петок), со почеток во 11,00 часот. За седницата се предлага следниот:
 
                                                             Д н е в е н   р е д
 
1.Предлог за измена и дополнување на Планот за намена и распределба на преносни капацитети на дигитален терестријален мултиплекс.

2.Предлог-Правилник за техничките, просторните, финансиските и кадровските услови за добивање дозвола за вршење радиодифузна дејност.

3.Предлог-Правилник за определување на подрачјата на емитување преку јавна комуникациска мрежа на телевизиските програмски сервиси на локално ниво.

4.Предлог-Преддоговор за емитување / пренесување на ТВ програмски сервис преку оператор на јавна комуникациска мрежа.

5.Предлог-Образец на барање за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност за телевизиски програмски сервис на државно/регионално ниво во однос на техничкото средство преку кое се врши емитувањето на телевизискиот програмски сервис.

6.Предлог-Образец на барање за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност за телевизиски програмски сервис на локално ниво, во однос на: нивото на емитување и техничкото средство преку кое се врши емитувањето на телевизискиот програмски сервис.

7.Разно.



Accessibility

Accessibility