Седница бр. 25 од 23.05.2013

25-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 23.05.2013 година (четврток), со почеток во 11,00 часот. За седницата се предлага следниот:
 
                                                                   Д н е в е н   р е д
 
1. Предлог-Одлука за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност – телевизија преку терестријален предавател на државно ниво.

2. Барања за промена на сопственичката структура на трговски радиодифузни друштва.

3. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување дозволи за вршење радиодифузна дејност бр.02-1628/2 од 30.05.2007 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/07).

4. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за  доделување дозволи за вршење радиодифузна дејност (телевизија) бр.07-2035/1 од 26.06.2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/08).

5. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност (телевизија) бр.07-2914/1 од 06.10.2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.125/08).

6. Предлог-Решение за престанување на дозволите за вршење радиодифузна дејност на постојните ТВ радиодифузери кои не постапиле во согласност со член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/13).

7. Информација за ТРД Топ ТВ ДООЕЛ Берово со Предлог-Одлука за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.

8.Разно.



Accessibility

Accessibility