Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 25-та седница ја одржа на 31.05.2024 година (петок) со почеток во 12:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 24-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 30.05.2024 година.
- Предлог за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ од Скопје.
- Предлог за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на РА Галакси од Кавадарци за прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на РА ПРО-ФМ од Гостивар за прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми.
- Разно.