Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26-та седница ја одржa на 12.06.2024 година (среда), со почеток во 14:05 часот, во просториите на Агенцијата.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 25-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 31.05.2024 година.
- Предлог за усвојување на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи.
- Предлог за усвојување на Правилникот за пристапност до медиумските услуги.
- Нацрт-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за емитување на европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.
- Предлог за покренување прекршочна постапка против операторот ТОТАЛ ТВ од Скопје за прекршување на член 143 од ЗААВМУ.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА 3 ДООЕЛ Скопје.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Биро за превод.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Превентивно и адаптивно одржување на системот за автоматско управување со документи.
- Разно.