Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26-та седница ја одржа на 14.08.2023 година (понеделник) со почеток во 13:05 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 4-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.08.2023 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 25-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 01.08.2023 година.
- Предлог – одлука за продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување, чијашто важност истекува заклучно со 31 декември 2024 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга за промена или дополнување на повеќе од 20% од програмскиот концепт од дозволата за радио емитување.
- Предлог за поведување прекршочна постапка против ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 55 став 2 алинеи 2, 3 и 4 од ЗААВМУ.
- Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво телевизија ИРИС ДОО Штип.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување Денови на медиумска писменост 2023.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Канцелариски материјали.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување и сервисирање на лифтови и платформа.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување на дополнителниот модул на постојно апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга со проценета вредност под вредносни прагови за примена на Законот за јавни набавки.
- Предлог-правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Разно.