Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 27-та седница ја закажува за 28.06.2018 година (четврток), со почеток во 10:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на предлог-записник од 26-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.06.2018 година.
- Предлог – одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018-та година.
- Информација во врска со доставено „Барање за одземање на лиценца на Телевизија 24 Вести“.
- Информација за кадровските услови кај Универзитетското радио „СТУДЕНТ ФМ 92,9“.
- Информација за преземени активности поради сомневање дека е сторена повреда на авторските и сродните права.
- Предлог – одлука за обновување на 4 кориснички пристапи на елeктронската база на прописи на „Службен весник на Република Македонија“.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Пренос на податоци од далечинските локации.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Одржување на системот за мониторирање.
- Разно.