Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 29-та седница ја одржа на 08.10.2021 година (петок) со почеток во 11:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 28-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на24.09.2021 година.
- Предлог-политика за воспоставување на систем за заштита на лични податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог-упатство за начинот на водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изменување на Правилникот за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изменување на Правилникот за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци.
- Предлог за изменување на Правилникот за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка услуга: Одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока: ситен информатички материјал за потребите на Агенцијата за изборниот процес.
- Разно.