Седница бр.3 – 25.01.2019 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 3-та седница ја закажува за 25.01.2019 година (петок), со почеток во 13:30 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на предлог-записник од 1-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 23.01.2019 година.
  2. Усвојување на предлог-записник од 2-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 23.01.2019 година.
  3. Предлог-одлука за објавување на јавен оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапката за вработување на 6 извршители, на определено време за период од 1 година.
  4. Предлог–oдлука за поништување на Јавниот конкурс за избор на заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавен врз основа на Одлуката бр.04-5483/1 од 24.12.2018 година.
  5. Информација во врска со доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс.
  6. Предлог-oдлука за изменување на Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на државно ниво УП 1 бр.08-527 од 23.11.2018 година.
  7. Предлог-oдлука за поведување постапка за утврдување постоење повреда на член 34 кај ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје.
  8. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТОТАЛ ТВ од Скопје.
  9. Предлог за усогласување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  10. Предлог-oдлука за одобрување средства за пристап до Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на Република Македонија.
  11. Предлог за спроведување на постапка за јавна набавка: Финансиско –осигурителни услуги.
  12. Предлог за спроведување на постапка за јавна набавка: одржување на веб страниците на Агенцијата.
  13. Предлог за спроведување на постапка за јавна набавка: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
  14. Предлог за спроведување на постапка за јавна набавка – ревизорски услуги.
  15. Предлог за спроведување на постапка за јавна набавка – одржување на компјутерска и друга ИКТ опрема.
  16. Предлог за спроведување на постапка за јавна набавка: продолжување на важност на постојни и набавка на нови дигитални сертификати.
  17. Разно.


Accessibility

Accessibility