Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 33-та седница ја одржа на 17.11.2021 година (среда) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 32-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.11.2021 година.
- Информација во врска со донација за радиодифузерите преку намалување на надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување за 2022 година.
- Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2022 година.
- Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2022 година.
- Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година).
- Предлог за усвојување на Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021.
- Предлог за донесување на одлука за Ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-ва година, со предлог – одлука.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на ТВ Нова од Гевгелија.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на РА Актуел од Битола.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – стока: ИКТ опрема.
- Разно.