Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 33-та седница ја одржа на 25.09.2020 година со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н РЕД
- Усвојување на Предлог-записник од 32-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 10.09.2020 година.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за ТВ емитување на радиодифузер.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско радиодифузно друштво телевизија ИРИС ДОО Штип за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско друштво за радиодифузија ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско друштво за радио – дифузна дејност ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско радиодифузно друштво телевизија ИРИС ДОО Штип за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЛОГ ДООЕЛ Тетово за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско радиодифузно друштво телевизија ИРИС ДОО Штип за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на Радио Фама од Тетово.
- Предлог-одлука за одобрување средства за пристап до Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на РС Македонија.
- Разно