Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 34-та седница ја одржа на 06.09.2022 година (вторник) со почеток во 12:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 33-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.08.2022 година.
- Предлог за усвојување на Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање во изборната кампања за Локалните избори 2022 – Избори за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Радиодифузното трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Шутел од Скопје за прекршување на член 15 од Законот за медиуми.
- Предлог за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување на определено време, со предлог-одлука и предлог-јавен оглас.
- Разно.