Седница бр.35 од 15.07.2013

Советот за радиодифузија ја закажува 35-та седница за 15.07.2013 година (понеделник), со почеток во 14,00 часот. За седницата се предлага следниот:
 
                                                                                 Д н е в е н   р е д
 
1. Усвојување на Записникот од 31-та (ЈАВНА) седница на Советот одржана на 24.06.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 32-та седница на Советот одржана на 01.07.2013 година.

3. Информација во врска со плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност по иницирана постапка за одземање на дозволата.
 
4. Предлог-одлука за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност за емитување и пренос на радио програмски сервис, на државно ниво преку терестријален предавател.

5. Информација во врска со добиено известување од ЈП,,Македонска радиодифузија” – Скопје, за промена на покриеноста со сигналот на Јавното радиодифузно претпријатие ,,Македонска радиотелевизија”, во населените места Слоештица, Жван и Сопотница, општина Демир Хисар со Предлог-Одлука.

6. Правна анализа на резултатите од поведените прекршочни постапки против радиодифузерите (во периодот од 01 јануари до 30 јуни 2013 година).

7. Анализа на сите спроведени мерки, известувања и упатени укажувања од страна на СРД против радиодифузерите и најчести прекршувања од страна на радиодифузерите во периодот од 01 јануари до 30 јуни 2013 година.

8. Информација во врска со поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над ТРД „МОНАКО-РАДИО СИТИ ФМ“ ДООЕЛ Куманово.

9. Предлог – одлуки за доделување јавна набавка за потребите на Советот за радиодифузија на Република Македонија.

10. Разно.



Accessibility

Accessibility