Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 35-та седница ја закажува за 22.08.2018 година (среда), со почеток во 14:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на предлог-записник од 34-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 17.08.2018 година.
- Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радиоемитување на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола.
- Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип.
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош – донација за справување со последиците од пожарите во пошироката околина на градот Атина – Република Грција и Предлог-договор за донација.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Одржување и сервисирање на службените возила на Aгенцијата.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-стока: Горива за потребите на Агенцијата.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Биро за преведување.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Печатарски услуги.
- Разно.