Седница бр.36 – 10.11.2023 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 36-та седница ја одржа на 10.11.2023 година (петок) со почеток во 14:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 35-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 06.11.2023 година.
  2. Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2024 година.
  3. Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2024 година.
  4. Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за                 2024 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година).
  5. Информација за префрлени парични средства за финансирање на радиодифузната дејност од страна на  Министерство за информатичко општество и администрација, со предлог – Заклучок.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЕФ-ЕМ 90.3-СПОРТСКО РАДИО ДООЕЛ                 увоз-извоз Скопје, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  7. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Петтиот телевизиски програмски сервис (МРТ5) на ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје, за прекршување на член 92 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и  вентилација.
  9. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Печатарски услуги.
  10. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Истражување на мислењето на публиката.
  11. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за набавка на услуга: Обука на вработените кои се вклучени во изработката на техничките спецификации при спроведување на јaвни набавки, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
  12. Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
  13. Разно.


Accessibility

Accessibility