Врз основа на член 5 и член 6 став 3 од Деловникот за работа на Советот за радиодифузија (Пречистен текст), ја закажувам 37-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 04.09.2012 година (вторник), со почеток во 10,30 часот . За седницата се предлага следниот:
Д н е в е н р е д
1. Информација за исполнување на обврските утврдени со Одлуката за поништување на одлуката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност од Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга. 2. Информација во врска со пристигнатите податоци за акционерите на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, Трговско радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје и ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип, како и податоци за висината на нивните влогови од аспект на почитување на член 11 од Законот за радиодифузната дејност. 3. Разно.
Советот за радиодифузија на РМ ја одржа 37-та седница на 04.09.2012 година (вторник), со почеток во 10:30 часот со следниот дневен ред:
Д н е в е н р е д
1. Информација за исполнување на обврските утврдени со Одлуката за поништување на одлуката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност од Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга.
2. Информација во врска со пристигнатите податоци за акционерите на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, Трговско радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје и ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип, како и податоци за висината на нивните влогови од аспект на почитување на член 11 од Законот за радиодифузната дејност.
3. Разно.