Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 37-та седница ја закажува за 07.11.2017 (вторник) во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 36-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 30.10.2017 година.
- Предлог за давање одобрение за склучување Спогодба за раскинување на Договор за вработување со анекси и донесување на Решение за престанок на важноста на Договорот за вработување со анекси, со предлог – спогодба и предлог – решение.
- Предлог-одлука за одобрување средства за пристап на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на Република Македонија.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Интернет конекција со хостирање на веб страница на Агенцијата.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Горива за потребите на Агенцијата.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Одржување на противпожарна – спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и ПП апарати.
- Разно.