Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 37-та седница ја одржа на 14.10.2020 година со почеток во 15:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 6-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.10.2020 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 36-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.10.2020 година.
- Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за телевизиско емитување на радиодифузер.
- Предлог-одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Тетово.
- Предлог за изрекување мерка на Радиодифузното трговско друштво СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ — Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка на Трговско радиодифузно ДРУШТВО УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка на Радиодифузното трговско ДРУШТВО СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ — Скопје за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ
- Предлог за изрекување мерка на Радиодифузното трговско ДРУШТВО СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ — Скопје за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока, за потребите на Агенцијата, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавкауслуга: Одржување и сервисирање на службени моторни возила.
- Разно