Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 37-та седница ја одржа на 22.12.2021 година (среда) со почеток во 12:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 5-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 13.12.2021 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 36-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 13.12.2021 година.
- Предлог-годишен план за вршење програмски надзор за 2022 година.
- Предлог-годишен план за вршење административен надзор за 2022 година.
- Предлог-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година (со Предлог-програма на планирани активности и Предлог-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година).
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош (донација) за радиодифузерите во 2022 година.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД Сити Телевизија од Скопје.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16 и 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Разно.