Седница бр.38 од 31.07.2013

Советот за радиодифузија ја закажува 38-та седница за 31.07.2013 година (среда), со почеток во 11,00 часот. За седницата се предлага следниот:

Д н е в е н   р е д
 

 
1.Извештај за одржани состаноци на Советот за радиодифузија со оператори на јавни комуникациски мрежи во времето од јануари до јули 2013  година.

2. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското  радиодифузно друштво ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје, емитуван на 12 јули 2013 година.

3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Радиодифузно друштво СКАЈ-НЕТ – Манчев ДОО Скопје, емитуван на 28 јуни 2013 година.

4. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТВ МТМ ДАСТО ДООЕЛ, Скопје, емитуван на 28 јуни 2013 година.

5. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Радиодифузното друштво ТРД – ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје, емитуван на 28 јуни 2013 година.

6. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТВ Ера ДОО Скопје, емитуван на 28 јуни 2013 година.

7. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТВ БТР НАЦИОНАЛ Зоран ДООЕЛ Скопје, емитуван на 28 јуни 2013 година.

8. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТВ АМАЗОН ДООЕЛ Скопје, емитуван на 28 јуни 2013 година.

9. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај, емитуван на 28 јуни 2013 година.

10. Извештај за исполнување на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела во 2012 година од страна на МРТ1, ТВ Алфа и ТВ Алсат-М по доставување на дополнителни податоци.

11. Информација за констатирана недозволена медиумска концентрација кај Трговското радиодифузно друштво РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ.

12. Информација за констатирано повлекување на предлогот за отворање на стечајна постапка над должникот Трговско радиодифузно друштво ,,МОНАКОРАДИО СИТИ ФМ” ДООЕЛ Куманово и запирање на постапката по предметот, од  страна на Основниот суд во Куманово, во врска со поведената претходна  постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка.
 
13. Информација во врска со започнатата постапка за јавната набавка – ИСО Имплементација за потребите на Советот, согласно Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, со предлог заклучок. 

14. Предлог- Заклучок за Работни верзии – Пропишани процедури од Секторите на Советот, (во врска со Заклучокот бр.02-2174/12 од 07.06.2013 година).

15. Разно



Accessibility

Accessibility