Седница бр.4 – 05.02.2018 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 4-та седница ја закажува за 05.02.2018 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на предлог-записник од 3-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.01.2018 година.
  2. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за радио емитување, на програмски сервис, музичко говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво.
  3. Предлог-одлука за одземање на дозволата за радио емитување на Трговско радиодифузно друштво Радио Мерлин ДООЕЛ Дебар.
  4. Предлог-одлука за поведување постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација.
  5. Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА КАНАЛ 8 ДООЕЛ Кочани.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Специјализирани обуки за ИТ.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Студија за утврдување на  оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс.
  9. Разно.


Accessibility

Accessibility