Седница бр. 40 – 20.10.2022 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 40-та седница ја одржа на 20.10.2022 година (четврток) со почеток во 14:05 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 37-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 06.10.2022 година.
  2. Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 38-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 06.10.2022 година.
  3. Усвојување на Предлог-записник од 39-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 06.10.2022 година.
  4. Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво телевизија КАНАЛ-21 ДООЕЛ Велес.
  5. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга – обезбедување толкување на македонски знаковен јазик, за глуви и наглуви, за дел од активностите за време на Деновите на медиумска писменост 2022 година, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
  6. Предлог – упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка (Пречистен текст) бр.01-6039/1 од 20.10.2015 година.
  7. Предлог за поведување прекршочна постапка против ТВ Шутел за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  8. Предлог за поведување прекршочна постапка против ТВ 21-М за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ.
  9. Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  10. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Систем за автоматско управување со документи.
  11. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Одржување и сервисирање на службени моторни возила.
  12. Предлог – одлука за исплата на надоместок за смрт на член на семејство.
  13. Разно.


Accessibility

Accessibility