Седница бр. 41 од 30.08.2013

Советот за радиодифузија ја закажува 41-та седница за 30.08.2013 година (петок), со почеток во 12,00 часот.
За седницата се предлага следниот:

 

                                                                             Д н е в е н р е д

 

1. Усвојување на Записникот од 38-тата седница на Советот, одржана на 31.07.2013.

2. Информација за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, по доставени пресметки на 15-ти август 2013-та година.

3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТВ СТАР ДОО Штип (регион Д3-Туртел), емитуван на 15 јули 2013 година.

4. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип (регион Д3-Туртел), емитуван на 24 јули 2013 година.

5. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ВИЖН-БМ ДООЕЛ, Прилеп (регион Д5-Пелистер), емитуван на 25 јули 2013 година.

6. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица (регион Д4-Боскија), емитуван на 28 јули 2013 година.

7. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ТИКВЕШИЈА ДООЕЛ Кавадарци (регион Д1 ЦРН ВРВ – ВЕЛЕС), емитуван на 30 јули 2013 година.

8. Анализа на структурата на вработените во радиодифузната индустрија за 2012 година.

9. Информација во врска со проектот на СРД од IPA TAIB 2009 „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“.

10. Информација во врска со Одлуката на Владата на Република Македонија за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедуване согласно Заклучокот бр.02-3037/7 од 10.07.2013 година.

11. Разно.



Accessibility

Accessibility