Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 41-та седница ја одржа на 03.11.2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 8-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 20.10.2022 година.
 - Усвојување на Предлог-записник од 40-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 20.10.2022 година.
 - Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јули до 30 септември 2022 година.
 - Предлог-одлука за доделување на дозвола за телевизиско емитување преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс на локално ниво.
 - Предлог за покренување прекршочна постапка против операторот СКУПИ КАБЛЕ од Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
 - Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ЛА КОСТА од Виница.
 - Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Алсат-М за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
 - Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Алфа за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
 - Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Сител за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
 - Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ 21-М за прекршување на член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ.
 - Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Алсат-М за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
 - Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Алсат-М за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 2 од Правилникот за нови рекламни техники.
 - Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга со проценета вредност под вредносните прагови за примена на ЗЈН.
 - Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 - Разно.