Седница бр.42 – 15.11.2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 42-та седница ја одржа на 15.11.2024 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во просториите на Агенцијата.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 41-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.10.2024 година.
  2. Предлог за поведување прекршочна постапка против операторот Тотал ТВ од Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај Скопје, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Радиодифузното трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  7. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
  8. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  9. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
  10. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот Неотел од Скопје, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  11. Предлог за донесување на одлука за Ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година.
  12. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  13. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за определување на траењето на годишниот одмор на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  14. Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
  15. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Печатарски услуги.
  16. Разно.



Accessibility

Accessibility