Седница бр.42 – 17.10.2018 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 42-та седница ја закажува за 17.10.2018 година (среда), со почеток во 11:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на предлог-записник од 41-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.10.2018 година.
  2. Предлог за покренување на постапка за одземање на дозволата на радиодифузер – во стечај.
  3. Предлог-информација до органот надлежен за авторските права и сродните права, поради сомневање дека е сторена повреда.
  4. Информација за отстранета недозволена медиумска концентрација кај Друштвото со ограничена одговорност за радио-дифузија Митаноски Веле СУПЕР РАДИО Охрид ДООЕЛ.
  5. Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за определување на траењето на годишниот одмор на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  6. Предлог-одлука за обновување на 2 кориснички пристапи на електронската база на прописи на „Службен весник на Република Македонија“.
  7. Разно.


Accessibility

Accessibility