Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 42-та седница ја одржа на 18.11.2022 година (петок) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 41-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 03.11.2022 година.
- Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2023 година.
- Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2023 година.
- Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година).
- Предлог за донесување на одлука за Ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022-ра година.
- Предлог-информација до органот надлежен за авторските права и сродните права, поради сомневање дека е сторена нивна повреда.
- Предлог за покренување прекршочна постапка против операторот Македонски Телеком од Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ, Велес за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ, Велес за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ, Велес за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЗДРАВКИН Ангелче Здравкин ДООЕЛ, Велес за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Технички преглед на лифтови и платформа.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка -услуга: Печатарски услуги.
- Разно.