Седница бр. 44 од 11.09.2013

Советот за радиодифузија ја закажува 44-та седница за 11.09.2013 година (среда), со почеток во 11,00 часот. За седницата се предлага следниот:

 

Д н е в е н   р е д

 

1. Усвојување на Записникот од 39-та седница на Советот, одржана на 20.08.2013 година.

2. Договор за градење склучен помеѓу СОЗР, СРД и АДСДП како инвеститори и изведувачот Декон-Ком ДООЕЛ Скопје.

3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ТВ БОЕМ Слободан Меноски Кичево ДООЕЛ, емитуван на 21 јули 2013 година.

4. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ЛАЈФ РАДИО ДООЕЛ Скoпје, емитуван на 23 јули 2013 година.

5. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места и задачите на Стручната служба на Советот за радиодифузија (Пречистен текст) бр.01-3114/1 од12.07.2013 година.

6. Предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плати и други надоместоци за вработените во Стручната служба на Советот за радиодифузија (Пречистен текст) бр.01-3113/1 од 12.07.2013 година.

7. Информација во врска со потребата од номинирање лица за проектот на СРД од IPA TAIB 2009 „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“.

 8. Информација за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговското Радио-дифузно Друштво РАДИО АКТУЕЛ Битола ДООЕЛ.

9. Информација за отстранета недозволена медиумска концентрација кај ТРД РАДИО МЕРАК 5 ФМ Љупчо и Владимир ДОО Велес.

10. Информација за отстранета недозволена медиумска концентрација кај Трговското радиодифузно друштво РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ.

11. Информација за извршена промена на сопственичката структура на основачот на Трговското радиодифузно друштво Радио Канал 77 ДООЕЛ од Штип.

12. Информација во врска со Барањето на ТВ БТР Национал Зоран ДООЕЛ, Скопје, бр.03-3682/1 од 05.09.2013 година.

13. Информација по дописот на регионалниот радиодифузер ТРД  ТВ ЕДО, село Љубин, Сарај, бр. 03-2876/4 од 22.07.2013 година, во врска со мониторингот на Советот за радиодифузија  на емитувана филмска програма од страна на овој радиодифузер, во времето од 09.06.2013 до 16.06.2013 година, со предлог заклучоци.

14. Предлог-Одлука за поништување постапка за доделување договор за јавна набавка, спроведена како постапка со барање за прибирање понуди врз основа на Одлука за потреба од јавна набавка за услугата: Одржување и сервисирање службени моторни возила на Советот за радиодифузија на РМ (сервис – комплетно одржување), во делот бр. 1 – Одржување и сервисирање службеното моторно возило Nisan Kaskai.

15. Предлог-Одлука за потреба од јавна набавка.

16. Барање бр.11-323 од 24.07.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.на Друштво за производство, трговија и услуги KTВ ПЕШНА ДООЕЛ Кичево.

17. Барање бр.11-328 од 31.07.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.6  на ТРД – оператор на кабелска мрежа КРАТЕЛСАТ ДООЕЛ Виница. 

18. Барање бр.11-337 од 31.07.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.3 на ТРД – оператор на кабелска мрежа КАБЛЕ КАЛ Кичево.

19. Барање бр.11-355 од 14.08.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.23 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД   ДООЕЛ Скопје, за град Скопје.

 20. Барање бр.11-336 од 31.07.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.7 на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-ОН ДООЕЛ Дебар.

 21.Барање бр.11-334 од 31.07.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.2 на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-КТВ ДООЕЛ Струга подружница Желино.

22. Барање бр.11-335 од 31.07.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.7 на ТРД – оператор на кабелска мрежа Г-КТВ ДООЕЛ Струга

23. Барање бр.11-368 од 27.08.2013 година за регистрација на пакет програмски сервиси бр 5 на ТРД – оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ Л НЕТ Лабуништа.

24 Барање бр.11-357 од 27.08.2013 година, регистрација на пакет програмски сервиси бр.2 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Аналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци.

25. Разно



Accessibility

Accessibility