Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 45-та седница ја одржа на 21.12.2022 година (среда) со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 44-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.12.2022 година.
- Предлог-годишен план за вршење програмски надзор за 2023 година.
- Предлог-годишен план за вршење административен надзор за 2023 година.
- Предлог-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година (со Предлог-програма на планирани активности и Предлог-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година).
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош (донација) за радиодифузерите во 2023 година, во висина од 25% од надоместокот за дозволата.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на ТРД ТВ Ирис од Штип.
- Предлог – годишен план за спречување на корупција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за 2023 година.
- Предлог – годишен план за проценка на ризици од корупција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за 2023 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членот 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ПРОТЕЛ ДООЕЛ Пробиштип за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка против ТРД Алсат-М ДОО Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 2 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за поведување прекршочна постапка против Непрофитна радиодифузна организациона единица УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО СТУДЕНТ ФМ 92.9 – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за давање одобрување за донесување одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на адвокатски услуги со предлог – одлука и предлог – договор.
- Предлог – одлука за исплата на надоместок за смрт на член на семејство.
- Разно.