Седница бр. 46 од 20.09.2013

Советот за радиодифузија ја закажува 46-та седница за 20.09.2013 година (петок), со почеток во 13,00 часот.

За седницата се предлага следниот:

1. Усвојување на Записникот од 40-та седница на Советот, одржана на 23.08.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 41-та седница на Советот, одржана на 30.08.2013 година.

3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип, реализиран на 1 септември 2013 година.

4. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговскотото радиодифузно друштво КАНАЛ 5 ПЛУС ДООЕЛ Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

5. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво Телевизија СИТЕЛ 3 ДООЕЛ Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

6. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ТВ ЧЕГРАНИ-МЕДИА ДООЕЛ с. Чегране-Гостивар, реализиран на 28 август 2013 година.

7. Извештај од мониторингот на Трговското радиодифузно друштво ТВ БТР НАЦИОНАЛ Зоран ДООЕЛ Скопје, направен врз основа на претставка од гледач.

8. Барање бр.11-385 од 05.09.2013г., за регистрација на пакет програмски сервиси бр.3 на TРД – оператор на кабелска мрежа СКУПИ КАБЛЕ Скопје ул.Тале Христов бб Скопје.

9. Барање бр.11-387 од 12.09.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.1 на ТРД – оператор на кабелска мрежа ВВВ-Интернет Груп Куманово, ул.Др.Младен Стојановиќ бр.1а Куманово.

10. Барање бр.11-388 од 12.09.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.1 на ТРД – оператор на кабелска мрежа ВВВ-Интернет Груп Куманово, ул.Др.Младен Стојановиќ бр.1а Куманово, подружница Липково.

11. Барање бр.11-389 од 13.09.2013 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр.48 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб.

12. Разно



Accessibility

Accessibility